На прашање на пратеникот од ВМРО-ПМНЕ, Антонио Милошоски, на собраниската седница за интерпелација на Оливер Спасовски, тој уште еднаш нагласи дека не постојат странски служби и оти според пријавата на Стево Пендаровски, станувало збор за две фотографии објавени на Твитер.
– Иако сѐ уште не се кандидати, тогаш кога ќе бидат поднесени кандидатурите, секој од нив ќе добие службено обезбедување ако тоа го посакува, но и сега сите кандидати се безбедни. Има пријава до МВР и пријавата е таа која јас веќе ја кажав во мојата изјава. Едната фотографија од Пендаровски е снимена на паркингот спроти Холидеј ин, а друга во кафе барот „Плеј“ на улица „Македонија“, кои беа објавени на Твитер. Отфрлам било какво присуство на било која странска служба зошто таква работа нема. Не сакам да се замајуваме со жолти комбиња и странски служби. Тоа време заврши – рече Спасовски.