Хрватската министерка што згази дете се расплака пред новинарите: И се извинувам на јавноста (ВИДЕО)

715
ФОТО: Принтскрин

Министерката за регионален развој во Хрватска, Габриела Жалац се расплакала пред новинарите кои ја прашувале дали ќе поднесе оставка. Таа со истечена возачка дозвола удрила во девојче.

– Во саботата бев во шок и не можев да дадам изјава. Тоа што мене ми се случи не му го посакувам на никого. Тргнав накај продавница, а пред мене излета девојче. Викнавме Брза помош. Многу сум потресена. Не знам што да кажам. Не знаев дека возачката ми истечила, но тоа не е оправдување. Мене ми е мило што девојчето е добро, го посетив во болница. На премиерот во саботата му понудив оставка, утрово му го понудив мандатот на располагање – изјавила таа пред новинарите.

Таа додала оти „и се извинува на јавноста“.

– Не ми беше намера, но тоа не ме оправдува. Дозволата ми беше издадена во 2006 година. Трае десет години. До саботата тоа не го знаев. Кога сум во Загреб имам возач, автомобил возам само понекогаш кога си доаѓам дома – појаснила таа.

Жалац тврдела оти и понатаму може да биде министерка, а премиерот требало да одлучи за тоа.

ФОТО: Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...