Уапсени 560 шверцери со оружје во Латинска Америка

Во рациите се запленети вкупно 857 парчиња огнено оружје, околу 40.000 муниција, 20 гранати и разни воени и полициски униформи.

54

Во заедничка полициска операција во осум земји од Латинска Америка уапсени се 560 луѓе осомничени за шверц со оружје, меѓу другото и за достава на оружје на колумбиската бунтовничка организација Армија за национално ослободување.

Ова денеска го соопшти Интерпол додавајќи дека во рамките на операцијата која почнала од крајот на февруари, учествувале полициски сили од повеќе земји од Мексико до Колумбија.

Во рациите се запленети вкупно 857 парчиња огнено оружје, околу 40.000 муниција, 20 гранати и разни воени и полициски униформи.

Меѓународната организација за криминална полиција посебно го поздрави апсењето на еден човек познат под псевдонимот Зевс мајмунот, осомничен дека е шеф на прекугранични шверцери кои ги снабдувале со оружје колумбиските бунтовници. Тој беше фатен при обид нелегално да ја премине границата меѓу Гватемала и Хондурас и им е предаден на властите во Колумбија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...