Нападот врз Милевски го осудија меѓународни организации во кои членува ЛДП

180

Во врска со вчерашниот настан, во кој физички беше нападнат претседателот на ЛДП и пратеник Горан Милевски, со свои реакции се огласија и меѓународните организации во кои членува ЛДП,  изразувајќи загриженост за настанот.

Меѓу другите реагираше и Ханс Ван Баален, претседател на АЛДЕ (Алијансата на либерали и демократи за Европа) и пратеник во Европскиот Парламент, кој истакна:

„Најостро го осудувам кукавичкиот напад врз лидерот на Либерално демократска партија, Горан Милевски. Политичките сили во Македонија треба јавно да ја осудат употребата на насилство за изразување на политичко несогласување…“

Со своја реакција се јави и европратеникот и потпретседател на АЛДЕ, Илхан Кочук, како и г-динот Роман Јакиќ , Претседателот на Либсеен (Либерална мрежа на Југоисточна Европа).

 

Либрално демократска партија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...