Машински и Електро ги завршиле вештачењата на автобусот што излета кај Ласкарци

Дали бил исправен технографот и која е брзината со која се движел автобусот на „Дурмо Турс“ од Основното јавно обвинителство не можат да споделат потенцирајќи дека содржината на извештаите се сметаат за тајна додека предметот сѐ уште е во предистрага.

1011
Photo: EPA/GEORGI LICOVSKI

Вештачењата од Машинскиот факултет во Скопје за техничката исправност на автобусот кој излета од патот кај Ласкарци, како тие на Електротехничкиот факултет за тоа дали бил исправен технографот се пристигнати во скопското обвинителство.

Оттаму велат дека ги очекуваат и сообраќајно-техничките вештачења од Бирото за судски вештачења.

Дали бил исправен технографот и која е брзината со која се движел автобусот на „Дурмо турс“ од Основното јавно обвинителство не можат да споделат потенцирајќи дека содржината на извештаите се сметаат за тајна додека предметот сѐ уште е во предистрага.

Готови се и обдукциите на починатите патници, а за преживеаните се собира медицинска документација за повредите. Од сите преживеани кои се во стабилна здравствена состојба, како што е веќе познато, се земени и искази.

Кога е во прашање возачот на автобусот, готово е медицинското вештачење за неговата здравствена состојба. Тој првично беше сослушан од обвинителството, а добиваше и закани, по што полицијата презеде мерки за заштита.

И републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, уште пред дваесеттина дена апелираше да се почитува презумцијата на невиност.

Несреќата на автопатот Скопје-Тетово се случи кога автобус на гостиварската компанија „Дурмо турс“ излета од коловозот кај селото Ласкарци на 13 февруари годинава. Животот го загубија 15 патници, а повеќе од 30 беа повредени.

Photo: EPA/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...