Меј ја загубила поддршката од речиси сите министри заради Брегзит

205
ФОТО: EPA / PETE SUMMERS

Британската премиерка Тереза Меј ја загубила поддршката од речиси сите министри од Кабинетот заради брегзит, објави Дејли меил.

Според весникот, само двајца министри се уште и даваат поддршка на Меј. Останатите „загубиле доверба во нејзината способност да раководи“, нагласува извор за весникот.

Министрите сакаат Меј да поднесе оставка не подоцна од јули за да може следниот лидер на Конзервативната партија да ја спроведе следна етапа од преговорите за напуштање на Европската унија ако Парламентот одобри брегзит без договор со Брисел.

ФОТО: EPA / PETE SUMMERS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...