Син ми за 20 евра заглави во Дубаи, ѕвоневме по амбасадори. Јас лично не знам дали Заев му помогнал. Ако помогнал тогаш му викам фала.
Ова го кажа сведокот Иван Николов Сачевслиев бизнисмен од Струмица кој сведочи против Зоран Заев во случајот Поткуп.
Тоа беше дел од негов одговор на прашање кое му го упати лично Заев а се однесува на тоа дали се виделе со сведокот пред влезот на домот на АРМ во Струмица и дали сега премиерот а тогаш градоначалник вртел по амбасадори за да помогне на синот.
Овие прашања Заев ги упати со цел да го дескридитора исказот на сведокот кој тврдеше дека се среќавале само во градоначалникот кабинет.
Заев го користи неговото право како обвинет да му поставува прашања на сведокот.
– Дали рековте дека три евра се многу пари за вас и би сакале помалку пари да дадете? Дали побаравте да најдеме и друг начин како да се помогне на црквата? Дали ви реков дека тоа е ваше право и работа меѓу вас и господ? – прашуваше Заев.