Со многу сонце и со поддршка од прилепчани, но и од туристите – љубители на карневали кои денеска беа во Прилеп, се одржа карневалот „Прочка 2019“.
Бројни маски, поединечни и групни, со учесници од разни возрасти, од многу градови од Македонија, но и со гости од Бугарија, Турција, Грција, Србија, Хрватска …, соопшти општина Прилеп.
На денешниот карневал учествуваа и членовите на Здружението на лица со интелектуална попреченост „Порака“ со маската „Цветна алеа“.
Весело, разиграно, со смеа и забава, профедилираа маските пред организаторите, гостите од ФЕКК-Европа и оценувачката комисија.