Со „Марш на животот“ по Широк Сокак во Битола, денеска се одбележаа 76 години од депортацијата на повеќе од 3.000 битолски Евреи во логорите на смртта во Треблинка, а на манифестацијата учествуваа и гости од Израел и од други држави.
Песна за желбите пред Споменикот на депортираните Евреи во Битола испеаја групата „Отсма“ од Израел составена од тинејџери со попреченост, делегациите положија цвеќе на Споменикот на депортираните Евреи, по што комеморативната поворка се упати по главната битолска улица до Железничката станица, патот што пред 76 години го вревеа Евреите до Железничката станица од каде беа со вагони однесени и никогаш не се вратија назад во Битола.
„Маршот на животот“ се одржува по втор пат во Битола токму на денот кога во 1943 година беа депортирани 3.013 битолски Евреи во логорите на смртта.
Попладнево беше отворена Ерусалимската патека на Еврејските гробишта, а го посетија и сончевиот часовник на скулпторот Мати Гринберг, кој е последното родено еврејско бебе во Битола пред војната.