Виножито бара од Вартоломеј богослужба на македонски во грчките цркви

641

Воведување на богослужба на современ македонски јазик во црквите каде живеат македонски православни христијани во Грција, бара партијата на македонското малцинство во Грција – Виножито во писмо испратено до Вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Виножито наведува во писмото дека треба да се има разбирање за јазичната посебност на македонските православни христијани, граѓани на Грција и за нивните религиозни права како малцинство, па од тука да можат да ги изговорат и да ги слушнат молитивите во црквите на својот мајчин јазик – македонски.

Павле Воскопулос од Виножито смета дека Договорот од Преспа го поставува појасно признавањето и почитувањето на јазичното прашање од грчката страна.

Освен од Вартоломеј, Виножито неодамна побара средба со грчкиот министер за образование, за да се воведе воведе изучување на современиот македонски јазик во јавното образование во областите каде тој се зборува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...