Австралијанка возела 100 километри на час со нејзиниот четиригодишен син на покривот на возилото, и тоа дури 18 минути.
Поради ова, полицијата и ја одзеде возачката дизвола три месеци и таа ќе мора да плати парична казна од 1.200 австралиски долари, односно околу 642 евра.
Шокираните возачи се обиделе да ѝ сигнализираат со светла и сирени дека на покривот има дете, но Ерика Шадфорт продолжила цели 18 минути да вози и тврдела дека не е свесна дека детето е горе.
Во еден момент сведокот рекол дека момчето за малку ќе паднело од автомобилот, па таа го запрела автомобилот и го ставила детето внатре, а во автомобилот биле другите две нејзини деца.
Мајката се појавила пред судот во Перт, Австралија и тврдела дека не била свесна дека момчето се качило на покривот.