Во Етиопија се урна авион со 157 патници

Во тек е потрага по патниците и членовите на екипажот и нема информации за преживеани ниту за бројот на настрадани, соопштија етиописките власти.

371

Авион на „Етиопиан ерлајнс“ со 157 патници и членови на екипаж денеска се урна шест минути по полетувањето од аеродромот во Адис Абеба, соопшти авиокомпанијата, но се уште нема информации за судбината на луѓето кои биле во леталото.

Боингот 737 бил на редовен лет од Адис Абеба до Најроби кога од, за сега непознати причини, се урнал.

Во тек е потрага по патниците и членовите на екипажот и нема информации за преживеани ниту за бројот на настрадани, соопштија етиописките власти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...