Венус Вилијамс не се предава ни на 38, ја победи Квитова

104

Венус Вилијамс покажа дека се уште може да се натпреварува со најдобрите, победувајќи ја бр.3 во шемата во Индијан Велс – Петра Квитова, во еден најинтересните дуели од вториот круг на турнирот кај дамите.

Триесет и осум годишната Вилијамс оствари пресврт за победа на средбата со 4:6, 7:5, 6:4 за речиси 2 часа и 30 минути на теренот. Првиот сет беше решен со брејк на сметка на Чехињата, која сепак губеше гемови на свој сервис вкупно пет пати до крајот на натпреварот и на крајот се прости со понатамошно учество во турнирот.

Победничката од минатата година и бр.1 во светот Наоми Осака не мораше да вложи многу труд, за да стигне до третото коло, откако ја надигра Кристина Младеновиќ со 6:3, 6:4. Јапонката забележа пет аса во средбата и три пати направи брејк против својата противничка за конечна победа во натпреварот.

Во следното коло на Индијан Велс продолжуваат уште Каролина Плишкова, Кики Бертенс, Анжелик Кербер и Арена Сабалаенка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...