На булевар Јане Сандански во скопската општина Аеродром, синоќа по полноќ избувнал пожар во барака сопственост на општина Аеродром, во која имало тримери, косилици за трева и друг алат.
Од огнот била зафатена и барака на ЈП „ Паркови и зеленило“.
Од полицијата информираа дека пожарот е локализиран, а во тек е увид на местото на настанот.