Националистичкото повлекување не нуди ништо; тоа е отфрлање без проект. И таа замка ѝ се заканува на цела Европа; експлоататорите на гневот, поддржани со лажни информации, ветуваат сè и сешто. Соочени со тие манипулации, мораме да се кренеме. Горди и со здрав разум.
Тоа е дел од пораката на Макрон за одбрана и обнова на Европа. Пред големите искушенија што ѝ ги наметнаа светските процеси и внатрешните слабости, лошата антиципација и бавната адаптација. Воопшто, а особено сега, пред европските избори, на кои самата европска идеја, како највисок политички економски и цивилизациски дострел, ќе се соочи со бранот на националистичките и популистички изолационизми и антиевропеизми.
Јас не се сеќавам дека некој кај нас објавил апел да се кренеме, горди и со здрав разум, против идиотите што настапуваат како манекени на национализмот. Како наша обврска во однос кон целокупниот европски проект за обнова на нормалноста. И како наша обврска кон самите себе и кон македонскиот проект, не само како државна реализација туку и како културен дострел.
Националистички гомна
Обратно, кај нас е во тек процес што работите ги движи во спротивна насока. Примитивци, лудаци, одлепени типови, чипирани идиоти, уфилмани во блокбастерот за одбрана на националните и државни интереси, парадираат секоја секунда по телевизиите и порталите, јадат гомна без салфетки, на начин кој тоа го издигнува во стандард на нормалноста. Мицко и жената што доброволно се пријави да биде чипирана во идиот, пливаат во македонската акваторија како сипи и испуштаат црнила, да не може човек раат да влезе да се избања.
Тие го отфрлаат Преспанскиот договор, Бугарскиот договор, Тиранската платформа, Договорот од Букурешт, Санстефанскиот договор, Берлинскиот конгрес, Мајскиот манифест, Евангелието по Сервантес, Општествениот договор на Хобс, Лок и Русо, тие ја мислат Македонија како капсула во која е спакувана комплетната моралност на светската цивилизација. Не постои на светот човек кај кого умствените и физички способности се во поголема дискрепанца од неговите амбиции, од вморонот.
Претседателските избори се медиум преку кој можеме да се профилираме како модерна нација. Да ги изринеме националистичките гомна од својот двор и да ги фрлиме на некоја друга планета. Или да ги рециклираме во електрична енергија. Колку мегавати можат да се добијат од Гордана. Или од Билјана. Од Мицко или од Влатче. ВМРО-ДПМНЕ Хибрид, машина што работи пола на гомна, пола на македонизам.
Филозофијата на власта се темели на два фундамента: помирување со соседите и едно општество за сите како форма на внатрешното помирување.
Првото помирување беше успешно затоа што зад него застана победничката сила на меѓународната заедница, тука САД и Европа, заедно со внатрешните прогресивни сили, ја победија Русија и нејзините внатрешни експоненти. Тие не ја поканија Русија да прават едно општество за сите, туку обезбедија дипломатски и правно-политички рамки за едно општество за Европа. Значи, сила, правда и морална супериорност што не произлегува од религиски или слични спиритуални форми и техники, туку од проектот кој ги обезбедува перспективите на луѓето, на нивната заедница и на нивната држава.
На внатрешен план, се покажува дека доктрината едно општество за сите произведува хаос и деструкција, блокади и разноразни други пиздарии. Тоа е така затоа што овој што ја промовира доктрината не е доволно силен, дури, може да се каже дека тој не ја сака улогата на победник, се срами да биде победник, затоа што самата доктрина му ја прави таа позиција морално и доктринарно проблематична. Освен тоа нема доволна посветеност кон правото и правдата имено затоа што се плаши да не биде обвинет за триумфализам и не е морално супериорен затоа што сака да оди напред така што ќе тапка во место.
Калварија на вредностите
Едно општество за сите се сведува на апел да си подадеме рака и да појдеме на пиво во „Корзо“, тоа е доктрина што е многу блиска до доктрината на најславната генералска будала на хрватската војска, Љубо Чесиќ Ројс, кој во една пригода во Собранието изјави „ко је јамио, јамио је“. Демек, некакво распекмезено христијанство или така некако: кој украл – украл, дајте да си ги простиме гревовите што ги сторивме волно и неволно. Според тоа, доктрината едно општество за сите, е инструмент на трајната нестабилност, која преку неподносливо ниво на опортунизам ги осакатува визиите и нè воведува во хаос.
Националистите никогаш и никаде, па ниту денеска во Македонија, немале способност да ја разберат добрата волја и подадената рака на друг начин освен како шанса да ја наметнат сојата смртоносна опција на целото општество.
Јас имам разбирање за политичката конфигурација што ги ограничува можностите за посериозни исчекори. Работата, меѓутоа, е во тоа таа и таква конфигурација да ја совладувате со паметно комуницирање на јавноста, а не обратно, да дозволите ограничените политички можности да произведуваат тешка депресија, разочараност и очај среде широките народни маси.
Оваа калварија на правните и морални вредности по повод решавањето на статусот на СЈО, ставот дека обвинителите и обвинителките на СЈО ќе се ротираат односно елиминираат како флеки од жешко чоколадо, наспроти несменливоста на корупциски армираното јавно обвинителство и судство, со Врховниот суд и Врховниот превара кој седи на кур од бафало, единствениот случај на временското ограничување на доказниот материјал во корист на големиот криминал, сето тоа говори дека се гради едно општество за сите во кое сите ресурси ќе бидат кај бандитите.
Њет, товариши, ета не бу могло проќи!
Објавено во „Слободен печат“