Почина прилепчанец по лекување кај надрилекарот од Србија

По смртта, вујкото на Ристо се обратил до Петровиќ, од кого добил одговор дека се неблагодарни и им порачал да не го бараат повеќе.

2921

Прилепчанец на возраст од 42 години починал една година откако почнал да се лекува кај надрилекарот од Србија, Мирољуб Петровиќ, пишува во денешното издание српски „Блиц“.

Објавено е сведоштво на вујкото на починатиот Ристо Крстевски, кој тврди дека неговиот внук починал лекувајќи се со тинктурите на Петровиќ. Откако му била му дијагностицирале тешка болест, се обратил кај Петровиќ, кој веднаш го советувал: „Слушајте ме мене, не ги слушајте дебилните лекари“.

Ристо се лекувал цела година со тинкрутите на Петровиќ, а 12 дена бил и во центарот на Петровиќ кај Лесковац. За лекувањето, семејството зело кредит, продавале имот, бидејќи месечно тинктурите чинеле 160 евра, а престојот во центарот 600 евра.

По смртта, вујкото на Ристо се обратил до Петровиќ, од кого добил одговор дека се неблагодарни и им порачал да не го бараат повеќе.

Славчо Петров на 31 година, почина во јануари откако се лекуваше кај надрилекарот, а сестра му го обвини Петровиќ за неговата смрт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...