Тодоров: Со Мијалков се скарав поради Мицкоски

Јас со Груевски никогаш не сум се скарал, се скарав со Сашо Мијалков, кој за разлика од мене не сметаше дека треба да има колективно тело фа ја води ВМРО-ДПМНЕ, туку еден лидер. Мијалков застана зад изборот на Мицкоски, рече поранешниот висок функционер и министер на ВМРО-ДПМНЕ.

2604
ФОТО: Фејсбук профил на Никола Тодоров

Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров во синоќа во емисијата „Анализа“ на 24ТВ објасни како се одвивал процесот за избор на Христијан Мицкоски за лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Рече дека тога конечно донел одлука да се повлече од политиката.

– Сметам дека човек понекогаш треба да се повлече од политиката и јас тоа го направив. Тоа коинцидираше со настаните од 27 април и после тоа се повлеков и од пратеник. Подрастично и посериозно ја донесов одлуката со изборот на новиот претседател, односно на новото раковдство. Тогаш јас имав еден друг концепт, едно друго размислување. Не сакав да бидам лидер на ВМРО-ДПМНЕ и затоа не се ни кандидирав – рече Тодоров.

Тој објасни дека имал друг став околу тоа како партијата треба да продолжи понатаму, односно да се направи едно колективно тело од пет до седум луѓе кои ќе ја води ВМРО-ДПМНЕ во еден транзиционен период, кој што ќе направи реформа и на статутот, генерално во правец на демократизација на партијата и потоа да се организира еден конгрес со поголем број на делегати.

– Сепак, тоа не беше причина за кавга. Јас со Груевски никогаш не сум се скарал, се скарав со Сашо Мијалков, кој за разлика од мене не сметаше дека треба да има колективно тело, туку еден лидер. Мијалков застана зад изборот на Мицкоски – истакна Тодоров.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...