„Татковци и ќерки – една вистинска љубов“, напиша на Фејсбук Александар Тодоровски, споделувајќи го видеото во кое тој заедно со уште четворица татковци од Битола изиграа танц со нивните ќерки.
Петте танцови двојки настапија на приредба во градинката „Естреја Овадија Мара“, клон „Пролет”, како осмомартовски подарок наменет за нивните сопруги и мајки.
Видеото од овој невообичаен и симпатичен настан денеска постојано се споделува и се шири на социјалните мрежи.