„Службен весник“ веќе нема да ги објавува указите и решенијата на претседателот на државата Ѓорге Иванов, бидејќи го нема сменето називот од претседател на Република Македонија во претседател на Република Северна Македонија.
Владата, министерствата, владините агенции веќе се заведени во Централниот регистар со новите имиња кои во вторникот ги објави Владата поради уставните измени.
Во „Службен весник“ минатата недела беа објавени указите на Иванов за одликување, унапредување и поставување воени претставници во странство.