Штефан Питер: Планот за економски раст е ветувачки, но малку компании се опфатени

Претседателот на Советот на странски инвеститори оцени и дека за прв пат по подолг период  има подобрување на соработката меѓу македонските компании и странските инвеститори.

242

Владиниот План за економски раст е едноставен и ветувачки, но ќе мора детално да се разгледа особено, по забелешките на Стопанската комора дека мерките вградени во него и целата рамка им одговара на само 10 до 20 отсто од вкупно 70-те илјади фирми во Македонија, рече денеска претседателот на Советот на странски инвеститори при Комората, Штефан Петер.

Тој даде позитивна оценка на планот на Владата еднакво да ги поддржи домашните компании и странските инвеститори.Смета дека транспарентноста околу субвенциите не е само добра, туку е и неопходна зашто станува збор за трошење јавни пари.

-Треба да почекаме за да видиме колку компаниите ќе бидат активни во добивањето субвенции што, секако, ќе биде поврзано со бирократијата. Очекувам субвенциите лесно да се добиваат бидејќи ќе произлегуваат од Законот а не од волјата на вицепремиерот. Само тогаш ќе има економски раст – рече Петер.

Претседателот на Советот на странски инвеститори оцени и дека за прв пат по подолг период  има подобрување на соработката меѓу македонските компании и странските инвеститори.

– Последниве години поголема е свеста за ова од минатото, а конечно се привлече и вниманието на Владата. Македонските претприемачи веќе знаат дека треба да променат нешто. Не може да седат во своите канцеларии и да чекаат да дојде некој од странските инвеститори. Тоа така не функционира, но сепак, подобрување има – рече Петер.

Тој информира дека компанијата од која доаѓа ЕВН, 70 отсто од набавките ги врши со македонски компании.

Питер, рече дека, и на тоа поле веќе се чувствуваат промени бидејќи сега се изедначуваат инвеститорите во ТИРЗ и оние кои се надвор од нов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...