ВМРО-ДПМНЕ го осуди нападот врз пратеникот Горан Милевски

Без разлика дали мотивите за инцидентот се лични или политички, МВР мора да го открие сторителот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

470

Насилството не е решение и ВМРО-ДПМНЕ осудува секаква примена на сила вклучувајќи го и вчерашниот инцидент во кој бил нападнат пратеникот, Горан Милевски.

„ВМРО-ДПМНЕ бара МВР и надлежните органи во најбрз можен рок да го решат случајот со цел да не се фрла темна дамка врз граѓаните кои го користат своето уставно загарантирано право на протести и мирно и демократски го изразуваат своето негодување за антидржавните политики на СДСМ“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека без разлика дали мотивите за инцидентот се лични или политички, МВР мора да го открие сторителот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...