Растот на економијата од 2,7 отсто на годишно ниво лани се резултат на посветеноста на владата и нејзиниот економскиот тим за еднаков третман на сите сектори, беше речено денеска на прес-конфернецијата на владиниот економски тим организирана по повод објавените статистички резултати за растот на БДП во последниот квартал од 2018 година.
-Ја имам честа да ги соопштам во ницата низа позитивни бројки уште две бројки ,а тоа е растот на домашниот бруто производ (БДП) од 3,7 проценти онакак како што планиравме. Трендот е позитивен тоа покажува дека точно знаеме што правиме и кажува дека добро одмерените мерки во сите сектори ги даде очекуваните резултати. Вториата бројка е стапката на невработеноста која сега изнесува 19, 4 отсто што во апсолутни бројки е 26.600 – рече вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Тој рече дека, како што било ветено, градежништвото се вратило во нормалата и има раст од 19,4 отсто.
Според Анѓушев, земјава има светла иднина посебно по она што економијата веќе го покажа и како резултат на интергирањето во НАТО и во ЕУ.
Податоците за растот на дромашниот бруто производ според министерот за финансии Драган Тевдовски, покажал дека економијата заживува.Тој се пофали дека институциите реално предвидуваат.
– Покажавме дека сем кредибилна институција во однос на планирањето. Растот на економијата од 2,7 отсто е најблизок до планираното од министерството за финансии од 2,9 отсто – рече Тевдовски.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески најави уште повисок раст на градежништвото годинаба, оти, како што рече, градежната сезона почнала, а ќе се работи на голем број проекти.
Задоволство од постигнатие резултати искажаа и министрите за земјодлество и економија Љупчо николовски и Крешник Бектеши.