Двеиполгодишното дете кое почина од сепса го лекувале и во болницата во Козле

Инициравме формирање Комисија при Министерството за здравство за испитување на причините за смрт и за овој случај, изјави денеска директорката Бухова.

1061

Двеиполгодишното дете од Скопје кое пред неколку дена почина на Клиниката за детски болести, освен кај матичниот лекар, било лекувано и во Болницата во Козле.

– Инициравме формирање Комисија при Министерството за здравство за испитување на причините за смрт и за овој случај – изјави денеска директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, д-р Ирина Бухова.

Детето, како што пред два дена соопштија од Клиниката за детски болести, починало по белодробна инфекција со пнеумокок, а при приемот имало и тешка клиничка слика на сепса. Претходно, детето било релативно здраво.

Д-р Бухова нагласи дека инспекторите со вонредниот стручен надзор го испитале целиот пат кој бил поминат при лекување на детето.

Комисијата треба да утврди каде биле направени пропустите во лекувањето.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...