Камила критикувана оти го носи накитот на принцезата Дијана

241
ФОТО: EPA / ADRIAN DENNIS

Камила Паркер, војвотката од Кронвел е критикувана на Твитер оти носела дијамантски брош кој лејди Дијана го добила од кралицата Елизабета Втора како подарок кога стана дел од кралското семејство.

Кралицата поседува огромна колекција накит меѓу кои и предмети стари и по 200 години. Таа им ги дава нив на жените кои се поврзани со кралското семејство.

По смртта на лејди Ди, целиот накит ѝ е вратен на кралицата, па така, скапоцениот смарагден брош ѝ бил даден на Камила – сегашната партнерка на принцот Чарлс. Се работи за парче накит кое во 1863 година подоцнежниот англиски крал Едвард Седми, тогаш уште принц, ѝ го подарил на својата сопруга –  принцезата Александра од Данска.

Имајќи предвид дека Камила му била љубовница на Чарлс и наводно поради неа, Дијана и принцот се развеле, на многумина им пречи што Камила носи нешто што ѝ било подарено на Дијана.

ФОТО: EPA / ADRIAN DENNIS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...