Ќе има ли потрес во ДПА, по затворската казна за Тачи?

1994

ДПА засега нема коментар за осудителната пресуда на нивниот лидер Мендух Тачи во предметот „Титаник 2“. Потпретседателот на партијата Азем Садику ни изјави дека во моментов не може да коментира, но дека партијата ќе се произнесе за судската одлука со која Тачи е осуден на три години и два месеци затвор.

Пресудата е првостепена и Тачи има право на жалба до Апелациониот суд во Скопје кој кога ќе се произнесе, пресудата ќе стане правосилна.

Садику не сакаше да коментира дали и како ќе влијае затворската казна на Тачи врз партијата, односно врз лидерската позиција на Тачи во ДПА. Дали ако пресудата стане правосилна и Тачи ќе мора да ја одлежи затворската казна, ДПА ќе избира нов претседател.

Но, бидејќи лидерот на ДПА е и актуелен пратеник, можно е да дојде и до промена на пратеничкиот состав на ДПА во Собранието, ако затворската казна стане правосилна. Во тој случај Собранието ќе треба да му го одземе имунитетот на Тачи. Во таков случај Тачи ќе биде првиот пратеник од власта во овој пратенички состав на кого пратениците ќе треба да му го одземат имунитетот.

Тачи покрај сега покојниот Арбен Џафери е од основањето на ДПА во 1997 година. На чело на ДПА, Тачи доаѓа по повлекувањето на Џафери од лидерската позиција поради здравствени причини во 2007 година.

Истрагата за „Титаник 2“ беше отворена пред повеќе од три години, а обвинение СЈО поднесе на самиот истек на рокот од 18 месеци, на 29 јуни 2017. СЈО го товари Тачи за злоупотреба на службена положба и овластување.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...