Маруан Фелаини веќе нема да игра за белгискиот национален тим. Играчот од средниот ред ја заврши кариерата со репрезентацијата на Белгија, во која дебитираше пред 12 години.
– По 12 години во кои играв за Белгија на највисоко ниво, решив да ставам крај на моето учество во тимот. Мислам дека е вистинскиот момент. На тој начин ќе се отвори можност за помладите. Многу сум горд што ја претставував Белгија во овој успешен период на фудбалската историја на земјата“, рече 31-годишниот Фелаини во својот профил на социјална мрежа „Твитер“.
Во моментов, Белгиецот игра за Шандонг Луненг по престој од речиси пет сезони во Манчестер Јунајтед.
Фелаини го носи дресот на Белгија на две светски шампионати. Играчот од средниот ред има 87 натпревари и 18 гола со тимот на „црвените ѓаволи“.