Сестри извршиле убиство во САД, заедничкиот љубовник ги оддал

282
ФОТО: Pinellas County Sheriff’s Office

Уапсени се две сестри, Линда Робертс и Мари Бет Томасели, на возраст од 61 и 63 години, поради злосторство кое го извршиле на 6 март 2015 година во САД.

Наводно, тие го убиле нивниот 85-годишен татко, кој боледувал од рак и деменција. Сестрите заклучиле дека тој наскоро ќе умре, па решиле да му „помогнат“. Тие внимателно ја испланирале неговата смрт.

– Тоа беше речиси совршено злосторство. Форензичарите не можеа да најдат ништо што ќе упати кон убиецот. Никакви знаци на борба, траги, ништо. Во мрак тапкавме четири години – изјавил шерифот Боб Галтијери.

Мари Бет и Линда подготивле алкохолен пијалок за својот татко, во кој ставиле апчиња за спиење. Тој лежел на каучот и отежнато дишел, а Линда земала перница и се обидела да го загуши. Кога виделе дека тој се уште диши, Линда му ставила крпа во грлото, а Мари Бет му го притиснала носот, па тој починал.

Тој ден сестрите повикале и Брза помош. На крај било констатирано дека се работи за природна смрт.

Минатиот месец, маж кој бил во сексуални врски со двете сестри, во полиција однел видео во кое Линда зборува за тоа како сестрите го убиле таткото.

ФОТО: Pinellas County Sheriff’s Office

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...