Жената чиј сопруг беше обвинет за силување и давење до смрт на нивната шестгодишна ќерка, никогаш не се опоравила од трагедијата и починала од последици на траума и скршено срце.
Дваесет и седумгодишната Ана Зубко од Ростов била во тешка депресија по трагедијата која му се случила на нејзиното семејство.
Пред шест месеци, нејзиниот сопруг, 28-годишниот Јарослав Олеиников, наводно ја силувал и убил нивната шестгодишна ќерка Вероника.
Безживотното тело на Вероника било пронајдено обесено во дворот, заедно со нејзината омилена играчка замотана околу нејзиниот врат.
Судско-медицинскиот преглед покажал оти Вероника била неколку пати силувана пред да биде задавена и обесена.
Олеиников бил уапсен и одведен во притвор. Обвинет е за силување и убиство.
По погребот на нејзината ќерка, на Ана и биле одземени родителските права и нејзиниот тригодишен син Иван бил сместен во сиропиталиште.
По трагедијата, Ана настинала, а откако не сакала да се лечи, болеста станала полоша. Кога конечно се појавила во болница, веќе било предоцна.
Ана починала шест месеци по смртта на ќерката.
Heartbroken mother dies after her husband raped and killed their daughter, 6https://t.co/8oVGuI4yZW pic.twitter.com/ZXYgtSvrAH
— Daily Mirror (@DailyMirror) March 6, 2019
ФОТО: Принтскрин / ростов.ру / Мирор