Мицкоски: Спасовски да каже дали Пендаровски е безбеден или небезбеден

172

Претседателот на ВМРО-ДПМНе Христијан Мицкоски бара министерот за внатрешни Оливер Спасовски да каже која тајна служба го следела Стево Пендаровски и со која политичка партија истата соработувала, за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски да не се чувствува небезбеден.

– Го слушаме вчера на емисија се пењави, се препелка човекот не е во негова кожа, вели ме следеле странски служби, блиски до најголемата опозициска партија. Човекот се чувствувал небезбеден. Еве овде од Велес да го прашам Оливер Спасовски, вицепремиерот и несуден кандидат за претседател поддржан од СДСМ, не знае човек дали тоа е добра или лоша карактеристика во овој момент. Но, во овој момент тој е вицепремиер во Владата на Република Македонија и министер за внатрешни работи да кажа дали Стево Пендаровски е безбеден или не е безбеден. Еве нека одговори да видиме дали тој е безбеден или не е безбеден. Ако е безбеден да го демантира, а ако е небезбеден да каже кој тоа Стево Пендаровски го следи, која е таа тајна служба и со која опозициона партија таа тајна служба е блиска – кажа Мицкоски.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...