Со тенџериња и тави, Шпанките го дочекаа Денот на жената

66
ФОТО: EPA / PABLO MARTIN

Стотици жени во Мадрид се собраа после полноќ за да го одбележат Меѓународниот ден на жената, удирајќи со тенџериња и тави и барајќи поголема родова рамноправност. Дел од нив носеа виолетова боја, која во последните години стана заштитен знак на демонстрантите за женски права.

– Важно е да се протестира на ден како што е Денот на жената, бидејќи сè уште постојат многу разлики и проблеми во општеството со кои се соочуваат жените и мора да бидат надминати. Ние сме во патријахално општество – истакна Абрил Виљатрољо, една од учесничките на протестот.

За денеска во Шпанија се најавени повеќе собири.

Родовата рамноправност, пред парламентарните избори на 28 април, стана прашање кое во Шпанија предизвикува поделби. Новата, крајно десничарска партија Вокс, која според анкетите првпат ќе влезе во Парламентот, повика на бришење на шпанските закони за родово насилство. Конзервативната Народна партија нема да учествува на главните протести по повод Осми март, бидејќи тврди дека левичарските партии ги политизирале. Од друга страна, социјалистите на премиерот Педро Санчез ја поставија родовата рамноправност како приоритет на својата Влада и во кампањата за реизбор.

ФОТО: EPA / PABLO MARTIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...