Силјановска: Што да очекуваме ние ако Пендаровски е небезбеден? ВИДЕО

798

Противкандидатката на Стево Пендаровски на претседателските избори, Гордана Силјановска Давкова, реагира на неговата изјава во телевозиско интервју дека физички го следи тајна разузнавачка служба за која се сомнева дека е поврзана со голема опозициска партија.

– Вознемирена сум од сомнежот на противкандидатот за претседател на Македонија, Пендаровски, дека е следен од безбедносните служби на некоја странска држава. Се прашувам, ако некој што речиси одраснал во безбедносните служби, ако некој кој бил национален советник за безбедност дури на двајца претседатели, се чувствува небезбеден, што да очекуваме ние, останатите противкандидати – вели Силјановска во реакцијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...