Заев: Има желба, но нема дефинирано датум за посетата на Ципрас

119

Постои желба од двете страни, но немаме дефинирано датум за посета на премиерот на Грција Алексис Ципрас, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

– Потврдено е дека од двете страни постои желба прво да се случи посета на премиерот на Грција Алексис Ципрас овде во Скопје, а после тоа да имам и јас возвратна посета. Немаме фиксирано датуми, штом ќе ги договориме веднаш ќе ги соопштиме – изјави премиерот Заев, одговарајќи на новинарско прашање кога ќе дојде Ципрас во посета на Скопје.

Заев посочи дека, останува отворено на гостинот кој треба да определи кога е возможно за него да се случи посетата.

– Ние сме тука. Од 1 април почнува кампања, значи тука сме. Ќе ни биде драго вака висок гостин, прв премиер од Република Грција, која е нашиот јужен сосед и голем пријател, да ја посети Република Северна Македонија и нашиот главен град Скопје – изјави Заев.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...