Заев: Апсолутно не го спасив Ахмети со Законот за СЈО, доказите се живи и здрави

877
ФОТО: МИА

Апсолутно не, одговори премиерот Зоран Заев на прашање дали го спасил коалициониот партнер Али Ахмети со новиот Занон за јавно обвинителство со кој се решава судбината на СЈО и на „бомбите“.

– Сите процеси за кои постојат докази продолжуваат како процеси. Нема никаква дилема. Доказите се живи здрави, постојат и тие не може некој да ги сокрие, да ги уништи. Со новиот закон сите докази соодветно се распоредуваат во државното обвинителството, дали ќе биде во новото специјално обвинителство за висока корупција, дали ќе бите во тоа за организиран криминал, во скопското или некое од внатрешноста, соодветно ќе се распоредат. Ниту во еден момент не се разгледуваше можноста некој да се спаси, некој да се оцрни или било што. Се создаде квалитетен закон со експрти, меѓународни и докашни, и верувам дека врз основа на тој закон ќе обезбедиме консензус како што тоа беше пред пет години кога се донесе Законот за СЈО. Така и овој пат, вредно е да направиме напори и сите да застанеме зад него – вели Заев.

Тој кажа дека засега има поддршка само владејачкото мнозинство од 68 пратеници, но очекува поддршка и од другите. Премиерот кажа и дека не е прецизирано кога ќе биде средбата со Христијан Мицкоски, има можности да биде и викендов, како и дека законот е една од можните теми на кои ќе разговараат, но оти прва тема се претстојните претседателски избори.

Заев кажа дека го поддржува тоа што „бомбите“ нема да бидат докази во предметите отворени по 30 јуни 2018 бидејќи тоа е дел од договорот од Пржино.

– Имаме закон кој е еден од најсериозните во реформите во правосудството. Таму е дефинирано СЈО да се врати во системот на јавнообвинителскиот систем, дефинирано е да биде посебно одделение каде ја одржуваме финансиската независност за да прави тоа притисок врз државата да ги покачиме платите и на останатите обвинители, судиите итн. Поддржувам тоа што самите обвинители во СЈО имаат право на реизбор и тоа што Катица Јанева ќе има право уште една година и после мора да оди на реизбор или да биде избрано ново лице, поддржувам независност за да се тераат процесите и секако поддржувам тоа што апсолутно било дел од договор, а е преточено во закон, дека не може до бесконечно да се користат неовластено прислушуваните разговори затоа што сум дал рака со тогашен шеф на опзиција. Тоа е преточено во Закон, парламентот го гласал со двотретинско мнозинство и тоа е рокот од 18 месеци – рече Заев.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...