Вицепремеирот Кочо Анѓушев денеска изјави дека земјава нема доволен број високостручен кадар за да одговори на барањата на бизнисот.
– Република Северна Македонија треба да креира високоплатени работни места, но не многу на број, бидејќи ние веќе немаме доволен број високостручниот кадар, затоа ни се потребни вакви инвестиции од високо технолошка индустрија. Полесно ние да обазбедиме 400 високостручни кадар отколку 6.000 за во текстилната индустрија кои ќе земаат ниски плати- рече Анѓушев.
Тој говореше дека преку дуалното образование треба да се обезбеди кадар кој ќе биде квалитетен и според барањата на бизнисот.