Околу шесто хектари шума и пасишта горат на седум километри од Пехчево, за Плусинфо вели Марјан Митриновски, дипломиран шумарски инженер.
– Трет ден со надчовечки напори се бориме да го локализираме пожарот кој се шири во правец на туристичката населба Равна Река, но без успех. Ветерот им е сојузник на огнените јазици – рече Митриновски.
На лице место со огнените јазици се справува шумската полиција од Пехчево и вработените во „Равна Река“ Пехчево.
Пожарот почнал од село Спиково.