Лопетеги бара 28 милиони евра оштета од Реал Мадрид

323

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги поднел тужба во судот во шпанската престолнина против своите поранешни работодавци, а предмет на жалбата се претензиите за отштета во износ од 28 милиони евра, тврди „Онда Черо“.

Педесет и двегодишниот шпански стратег беше отпуштен од „кралскиот“ клуб во октомври 2018 година.

Лопетеги сака да го добие износот, за кој се договорил кога го потпишал договорот, како вкупен приход од плата. Поранешниот голман, исто така, изрази незадоволство што претседателот Флорентино Перез не му кажал за разрешувањето лично.

Стратегот застана на челона тимот во јули 2018 година. Под негово водство, Реал одигра само 14 натпревари.

Откако излегоа информациите, агентот на Лопетеги, Карлос Бузаро сепак ја отфрли потребата за таква оштета.

– Раскинувањето на договорот меѓу Лопетеги и Реал Мадрид се случи за пет минути со добри односи меѓу двете страни. Се беше внесено во договорот и нема дело, кое во тек, напиша агентот во „Твитер“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...