Жените со препреки, а мажите лесно во кариерата, карикатура во „Ла Република“

110
ФОТО: МИА

Перуански карикатурист од дневниот весник „Ла Република“, преку карикатура илустрирал со што се соочуваат жените во кариерата, а со што мажите. Според карикатурата, жените прескокнуваат препреки додека мажите трчаат покрај нив на чиста патека. Тој ги претстави комплексните предизвици со кои се соочуваат вработените мајки.

Карикатурата на Твитер ја објави индискиот милијардер Ананд Махиндра, кој истакна оти на жените им е потребен многу поголем напор од мажите за да успеат во кариерата.

– Минатата недела помагав во чувањето на мојот едногодишен внук. И честитам на секоја вработена жена и признавам дека нивниот успех бара многу поголеми напори од нивните машки колеги – напиша тој во објавата.

Објавата на Махиндра доби околу 35.000 допаѓања и многу коментари.

– Се надевам дека компаниите ќе го имаат тоа на ум – гласи еден од коментарите.

Едно истражување покажа дека слободното време на мажите се зголемува по родителството, додека на мајките им се зголемува обемот на работа. Според студијата, жените носат потежок ментален товар, работат повеќе часови со сите неплатени работи, поминуваат повеќе време во воспитување на децата и домашната работа и имаат помалку време да се грижат за себе.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...