Сенаторката МекСали тврди дека била силувана во американската војска

391
ФОТО: EPA / RICK D'ELIA

Американската сенаторка Марта МекСали вчера изјави дека додека служела во американската армија била силувана, но оти случајот не го пријавила бидејќи немала доверба во воениот систем на САД.

МекСали е една од жртвите кои сведочат во судскиот процес за сексуалните скандали во американската војска, а во текот на вчерашното рочиште истакна дека ја силувал офицер на американските военовоздухопловни сили.

– Се обвинувам себе си. Бев посрамотена и збунета и мислев дека сум силна, но останав беспомошна – посочи МекСали.

Републиканската сенаторка ги обвини надредените офицери за злоупотреба на положбата на различни начини.

Таа за време на сведочењето го користеше терминот „сторител“ што имплицира дека е силувана повеќепати.

МекСали две децении беше полковник во американските воени сили и учествуваше во мисии во Саудиска Арабија и во Авганистан.

Таа не е прва сенаторка која годинава открива дека била жртва на силување. И сенаторката Џоуни Ернест во јануари призна дека била силувана додека била на колеџ, а потоа ја злоставувал поранешниот сопруг.

Признанијата уследија по кампањата „И јас“ (#MeToо) која има за цел да ги охрабри жртвите да проговорат за своите тешки искуства.

ФОТО: EPA / RICK D’ELIA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...