Макрадули оцени дека дивоградбите влијаат негативно врз природата, дека се недозволиви и дека мора да се регулираат. Тој посочи дека согласно законот што е во изработка ќе биде строго регулирано што може да се гради на Матка и на Водно.
– Законот за Матка е во понапредна фаза, подготвени се сите документи, и се надевам брзо ќе влезе во владина процедура. Истото тоа очекувам до крајот на годината да го направиме и за Водно, за конечно да се стават на законска основа, што се може да се прави, што не во овие природни убавини – рече Макрадули.
Со законските одредби ќе се дефинираат зоните, која зона ќе биде за строга заштита, која е за активно управување, и која е за одржлив развој.
– Во секоја од различните зони ќе можете нешто да правите. Зонирањето е завршено и се надевам дека законот брзо ќе дојде во владина процедура. Истото ќе важи и за Водно. Ќе постојат заштитени зони во кои нема да може ништо да се прави, додека во други ќе може да се интервенира за рекреација и за објекти – додаде Макрадули.