Појадок во Брисел за Северна Македонија

333

Шефот на грчката дипломатија Јоргос Катругалос заедно со Теодор Мелескану, министерот за надворешни работи на Романија, земјата претседавач на ЕУ, организираат појадок на пријателите на Северна Македонија на 18 март во Брисел, a на кој ќе учествува и Никола Димитров, брифираат грчки дипломатски извори за МИА, јави дописничката од Атина.

Поканите до шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ се од министрите за надворешни работи на Грција и Романија, кои се и организатори.

Појадокот на пријателите на Северна Македонија ќе се одржи в понеделник на 18 март, пред Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...