Баба Марта ги наполни кафеаните и парковите (ГАЛЕРИЈА)

302

Неделава е вистинска пролет. Температурата нагло порасно од минус кон повеќе од 20 степени. Граѓаните излегоа надвор на прошетки, но ги преполнија и кафеаните.

Максималните температури деновиве се над просекот за овој период од годината и на повеќе места ќе надминувааат 20 степени.

Но, Баба Марта е полна со изненадувања, па од понеделник ќе има нов влажен и постуден бран проследен со врнежи, а во вторник ќе има позначително спуштање на дневните температури.

Ваквата нагла промена на температурата кај граѓаните предизвикува вртоглавици и главоболки, но и појава на гадење и нагони за повраќање. Промените влијаат кај сите, а не само кај метеопатите. Освен возрасните, на овие симптоми, може да се пожалат и децата.

– Изминативе денови имаме невообичаено високи дневни температури, а навистина е голема разликата наутро и преку денот – ноќе тие се спуштаат и до минус 4 степени Целизусови, а дење се искачуваат и до плус 20 степени. Тоа е над 20 степени разлика, што е многу, па од сета таа промена може да се јавуваат главоболки, вртоглавица, изнемоштеност, но и нагони за повраќање и гадење. Специфично е што овие симптоми се јавуваат кај целата популација, а не само кај метеопатите – вели д-р Маргарета Трипуновска, шеф на смена во Службата за итна медицинска помош во Скопје.

Фото: Плусинфо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...