Нејмар: Срамно, овие судии не се разбираат од фудбал

262

Повредениот Нејмар проследи од трибините како неговите соиграчи од ПСЖ сензационално отпаѓаат од Лигата на Шампионите по 1:3 во реваншот со Манчестер Јунајтед.

Непосредно по завршувањето на дуелот Бразилецот ги искористи социјалните мрежи за да го демонстрира својот гнев. Тој се насочи кон судиите, кои по разгледувањето на ВАР досудија пенал за игра со лакот на Кимпембе по удар на Далот.

Според Нејмар, сепак одлуката е срамотна.

– Тоа е срамно. Поставени се четири лица, кои не се разбираат од фудбал, да гледаат на забавена снимка пред телевизорот. Нема ништо. Каде би требало тој да ги стави рацете, напиша Нејмар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...