Пендаровски: Ме следи тајна разузнавачка служба блиска на опозицијата

Kандидатот за претседател на владејачката структура вели дека пред пет години, во време на режим, врз него немало физичко следење, а телефоните му биле прислушувани четири години. 

9021

24 часа мене, а веројатно и моето семејство, ме следи тајна разузнавачка служба блиска до наша голема опозициска партија. За 10 дена неколку пати се објавуваат фотографии од тоа каде се движам, вели Стево Пендаровски, консензуален кандидат за претседател на владејачката структура во интервју за 1 ТВ.

– Ова е само сигнал, насоката во која ќе се движи кампањата за претседател, само што ќе биде уште повалкана. Мене не ми се блиски подземни кампањи, јас ќе одговорам со аргументи и јавно. Остатоците од режимот не смеат да бидат толерирани, тоа е работа на институциите од оваа власт – вели претседателскиот кандидат.

Пендаровски вели дека пред пет години, во време на режим, врз него немало физичко следење, а телефоните му биле прислушувани четири години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...