На нива во близина на фабриката „Југохром“ во Јегуновце, при испитување на почвата лани во ноември минатата година било пронајдено присуство на арсен речиси два и пол пати повеќе од дозволеното.
Алармантни резултати биле добиени и при испитувањата на земјата од дворот на основното училиште „Кирил и Методиј“ во Тетово, кое, пак, е во близина на фабриката Тетекс.
Од здружението „Вила Зора“, кое заедно со „Еко герила“ го спровеле истражувањето, велат дека арсен е најден во зелката, компирот и во други градинарски култури, што укажува на тоа дека овие култури ги апсорбираат штетните супстанци што постојат во почвата како резултат од долгогодишно загадување.
Нема присуство на арсен во тетовското јаболко.
Проектот „Да ја заштитиме почвата од загадување“, кој е поддржан од УСАИД ќе ги опфати и Скопје и Кавадрци како градови каде има големо загадување поради индустриските капацитети.