Големата снежна лавина викендов се спушти на паркинг во подножјето на планината Елбрус во Северен Кавказ, република Кабардино-Балкарија, јавуваат светските медиуми.
Планината Елбрус со највисока точка од 5.642 метри е во првите десет највисоки планини во светот каде што се наоѓаат многу популарни скијачки центри. На видеото се гледа како масивна лавина ги поклопува паркираните возила.
За среќа, снегот престанува да слегува по планината пред да погоди значајни инфраструктурни објекти, а службите за спасување јавуваат дека не добиле пријави за повредени луѓе.