Пожарникарите во Кавадарци се подновија со дом, а ќе добијат и поголеми плати ВИДЕО

165

Кавадаречките пожарникари имаат одлични услови за работа откако заврши реконструкцијата на противпожарниот дом. Општината за реновирање потроши 11 милиони денари.

Градоначалникот Митко Јанчев денеска беше во посета на противпожарната единица, каде можеше да се запознае со новите услови за работа на пожарникарите.

Јанчев најави дека ќе продолжат инвестициите за модернизација на опремата на пожарникарите, но и ќе иницира после претседателските избори да се зголемат нивните плати.

За само два месеца од 2019-та година пожарникарите од Кавадарци имале 109 интервенции, претежно на отворен простор. Се апелира до несовесните граѓани кои палат огнови на отворено и ги оставаат неконтролирано да ги променат овие навики, бидејќи само вчера имае пет такви интервенции.

Командирот на ТПЕ Кавадарци, Александар Чадамов искажа задоволство од новите услови за работа и поголема мотивираност кај пожарникарите за работа.

ФОТО + ВИДЕО: КТВ телевизија

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...