Град Скопје и ЈП „Градски паркинг“ ѝ подарија на Општина Кавадарци едно пајак возило на барање на градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев.
Одлуката за донација на „пајакот“ беше изгласана на последната седница на Советот на Град Скопје која се одржа на 28 февруари, и во понеделникот возилото било испратено во Кавадарци.
Досега, Град Скопје и ЈП „Градски паркинг“ донираа три пајак возила на Штип, Охрид и на Куманово.