Кирацовски ќе поднесе оставка ако Антикорупциска утврди неправилности при вработувањата на неговите роднини

905

Генералниот секретар и пратеник на СДСМ Александар Кирацовски ќе почека Антикорупциска да утврди дали имало неправилности при вработувањата на баба му и сестра му, откако од работното место, по укажувањата на премиерот Зоран Заев се повлече неговиот дедо. Ако се утврди дека при вработувањата на неговите блиски имало неправилности Кирацовски ќе поднесе оставка.

– Комисијата за истражување на процесот на вработување на сите кои на некој начин се спорни за јавноста е иницирана од наша страна и целосно со ресурски стоиме зад истата.  Нашиот став е јасен, ние направивме одреден чекор на повлекување на оние кои според вас се наши блиски , а вработени во јавните институции, само како морачлен чин. Процедурата за нивното вработување, а тоа ќе го потврди и Антикорупциска и телото се кристално чисти, но моралната форма сакавме да ја запазиме. Од друаг старна ве замолувам да бидете внимателни за овие процеси никој нема да дозволиме да биде привилегиран, но од друга страна никој не смее да биде дискриминиран. Ако утврдиме дека некој е вработен вон принципите и законите истиот ќе биде отпуштен, а од функционерот ќе бараме оставка – изјави Кирацовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...