Кирацовски: Повеќе од 60 пратеници застанаа зад Стево

337

Над 60 пратеници со својот потпис дадоа поддршка на кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата, рече на прес конференција Александар Кирацовски, пратеник и генерален секретар на СДСМ.

– Пратеници од различни етнички заедници, од различни политички партии, обединети се околу заедничкиот избор за победа, за напредок, за иднина. Стево е нашиот избор затоа што веруваме дека е личност со интегритет, кој ќе биде вистински претседател на сите граѓани. Кој ќе се води од интересите на граѓаните и државата. Пратениците многу добро знаат колку е значаен изборот на претседател за државата, за граѓаните и за Собранието. На Република Северна Македонија не и е потребен нов Иванов – рече Кирацовски.

Тој најави дека од утре ќе се собираат и граѓански потписи за Пендаровски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...