Двеиполгодишно дете почина од бактериска инфекција со пнеумокок

816

Двеиполгодишно дете од Скопје починало вчера на ЈЗУ Универзитетска Клиника за детски болести од компликации по бактериска инфекција, соопшти денеска Клиниката.

– Сѐ уште се прават испитувања за причината поради која на Клиниката за детски болести вчера почина две и полгодишното девојче, а според првичните резултати, се работи за пнеумококна бактерија, односно инвазивна пнеумококна болест, изјави директорката на Клиниката за детски болести, Катерина Ставриќ.

Женското дете било примено во понеделник попладне на Клиниката за детски болести со знаци за сериозна бактериска инфекција. Според првичните резултати, се работи за пнеумококна бактерија, односно инвазивна пнеумококна болест. Директорката  Ставриќ рече дека при приемот детето имало тешка клиничка слика на сепса.

Претходно, девојчето било релативно здраво, а со знаци на респираторен инфект било третирано една недела од матичен лекар. Дента, поради влошување на состојбата детето е донесено на Клиниката и било примено на одделот за интензивна нега, каде било поставено на респиратор. Но, и покрај сите преземени тераписки процедури по престој од 12 часа детето починало.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...